29/03/2024
Охрид

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ЛУПД за изградба на објекти со намена А4

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “бр.53/05, 81/05, 24/07 ,159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15и 39/16), Општина Охрид, на ден година, 13.11.2017год. донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена А4 – времено сместување     на КП бр.3134, КП бр.3135 и КП бр.3136 К.О.Елшани, Општина Охрид кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина
  2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена А4 – времено сместување   на КП бр.3134, КП бр.3135 и КП бр.3136 К.О.Елшани, Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, Општина Охрид и НП „Галичица“
  3. За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена А4 – времено сместување    на КП бр.3134, КП бр.3135 и КП бр.3136 К.О.Елшани, Општина Охрид   за чија изработка е одговорна Општина Охрид,  а  го  донесува  Советот  на  Општина  Охрид,  донесувањето  на  овој плански документ ќе има влијание врз животната средина.
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на  животната  средина  на  планираниот  опфат(вода,  почва,  управување  со отпад, природното и културно/археолошко  наследство).
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
  6. Против  ова  одлука  јавноста  има  право  на    жалба  до  Министерството  за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.