28/04/2024
Спорт

Одржан III Рапид турнир во шах „Езерски бисер“ 2024

ШК Ласкер Охрид, во согласност со Годишната програмата за работа, финансирана од Општина Охрид, на 04.02.2024 (недела) во спортската сала при ООУ „Братство Единство“ Охрид, го одржа III Рапид турнир во шах ЕЗЕРСКИ БИСЕР 2024.

Пред присутните им се обрати Наум Јамандиев, советник во Советот на Општина Охрид.

Турнирот се играше по Швајцарски систем во 9 кола, а учествуваа 81 шахист од Македонија.

Наградени шахисти се следните:
1 место Дејан Ѓорѓиески од ШК Пелагон Прилеп
2 место Марјан Дамчески од ШК Пелагон Прилеп
3 место Кире Николоски од ШК Прилеп Прилеп
4 место Велкоски Стојан од ШК Алкалоид Скопје
5 место Ахмет Салмани од ШК Гостивар Гостивар
најдобро пласиран младинец до 18 год Кирил Николовски ШК Алкалоид Скопје,
најдобро пласиран младинец до 14 год Димитар Симоновски ШК Шах шех Битола,
најдобро пласирана шахисткац Ивана Велкоска ШК Алкалоид Скопје.


WebOhrid / 05.02.2024 / ШК Ласкер