27/04/2024
Спорт

Одржан Меѓународен турнир во кошарка „20 Години КК Колибри“

Меѓународниот турнир во кошарка „20 Години КК Колибри“ во категорија: девојчиња и момчиња, генерации М12, М14 и М16 кој се одржа од 19 (деветнаесети) до 22 (дваесет и втори) Јуни 2023 година, беше повеќе од успешен.

На едно место беа собрани 200 деца од Р.Србија, Албанија и Македонија. Најуспешни во своите категории беа екипата на Нова Варош од Србија У 16 – жени, во конкуренција У14 жени – првото место го освои екипата на МЗТ – Скопје, во категорија У 14 мажи, првото место припадна на екипата на Елите – Баскет – Албанија и прво место во  категорија У12 беше екипата на КК Колибри – Охрид. Во категорија младинци У16, пехарот припадна во рацете на екипата на Декса од Прилеп.

Посебен момент беше ревијалниот натпревар кој се одржа помеѓу старите членови на КК Колибри и Дел од тренерите на турнирот заедно со младинците на екипата на Декса – Прилеп.

„Овој турнир ги собра сите симпатии на учесниците и веќе со неговото свечено затворање започнуваме со припреми за следната сезона. Ние како клуб ќе се насочиме овој турнир да постане традиционален и да биде спортска увертира во летната туристичка сезона.

Посебна чест и задоволство  ни претставуваше поддршката од Општина Охрид, од нашите спонзори и од родителите на нашите „Колибрина“.

Најголема благодарност за тренерите Весна Балазоска Милошевиќ, Викторија Рибароска Лазароска, Исмаил Даут и Драгослав Лихванцев.“ – велат од КК Колибри Охрид.


WebOhrid / 23.06.2023 / КК Колибри