26/04/2024
Охрид

Одржан општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во петокот се одржа традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“.

И во услови на Ковид-19 со почитување на сите протоколи библиотека се покажа како добар домаќин.

    

Се натпреваруваа осум ученици подготвени од менторите: Валентина Рубаноска од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани, Санте Миткова од ООУ „Христо Узунов“, Наташа Митреска  ООУ „Григор Прличев“,  Емилија Блажеска од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец  и Снежана Стојаноска од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти.

Тестирањето по претходно подготвени прашања од областа на библиотекарството  го спроведе комисијата: Никола Ристовски – претседател, Бети Лазеска – Симоноска, Елизабета Бојчевска и Христина Трпеска – членови.

Наскоро ќе бида познат победникот на општинскиот натпревар кој ќе има право да го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ чиј домаќин треба да биде охридската библиотека а поради Ковид пандемијата е одложен за мај идната година.