27/04/2024
Спорт

Одржана седница на Управниот одбор на ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ги донесе следните одлуки:

– У.О. на ФФМ донесе одлука за утврдување на цените на влезниците за домашните натпревари на македонската А репрезентација, репрезентацијата до 21 година и женската А репрезентација.

А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД 

Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 14. ноември 2021.,18:00 часот

Влезници по цена од 150 и 300 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;

Репрезентација до 21 година: МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА 

Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 16. ноември 2021.,18:30 часот

Влезници по цена од 100,150 и 200 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;

Женска А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ

Охрид, стадион „Билјанини Извори“, 26. октомври 2021., 13:30 часот

Влезници по цена од 100 денари на билетарата на стадионот „Билијанини Извори“;

Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е ограничен согласно мерките на Владата на Република С. Македонија утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините.

– У.О. на ФФМ донесе одлука за измени на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ поврзани со права на фудбалери во женска конкуренција;

– У.О. на ФФМ донесе одлука за реконструкција (поставување нова тревна подлога со вештачка трева) на теренот со вештачка трева на стадионот во Ѓорче Петров; 

– У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во Втора футсал лига и делегатската листа за футсал натпреварувањето;