26/04/2024
Спорт

Одиграно второто коло од спортската лига за средни училишта

Денес се одигра второ коло од спортската училишна лига за средни училишта која е во организација на сојузот за училишен спорт Охрид, а под покровителство на Општина Охрид.

Постигнати беа следните резултати:

ОСУ „Ванчо Питошески“  4:1  ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“
ОСУ „Св.Климент Охридски“  1:1  ОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Натпреварите се одиграа во Спортскиот центар „Климент Колески“.