21/05/2024
Спорт

Одржани екипни првенства во шах 2019, ШК Ласкер екипен првак во категорија U14

На 28 и 29 Септември 2019 во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, се одржаа Екипните првенства во шах во категории U08, U10, U12, U14, U16 и U18. Организатор беше Шаховска федерација на Македонија, а технички организатор Шаховскиот клуб „Гамбит Асеко“ СЕЕ Скопје.

ШК ЛАСКЕР Охрид во состав: Никола Целески, Стефан Матески, Јулиан Матески, Никола Николовски и Константин Лушески (капитен) е Екипен Првак на РС Македонија во категорија U14 за 2019 год.

„Благодарение на Општина Охрид и Општествено одговорните компании од Охрид ШК ЛАСКЕР Охрид на првенствата беше принуден да пријави само една екипа во U14, моравме да ги изоставиме екипите U08, U10 и U12. Очигледно овие деца не го заслужуваат Вашето внимание, верувајте, ни вие не го заслужувате нивниот успех.“ – информираат од ШК Ласкер.

Во категоријата U08 екипи пријавија ШК Гамбит Асеко СЕЕ Скопје, ГШК Куманово 1 Куманово, МСК Центар Скопје и ШК Прилеп Прилеп

https://chess-results.com/tnr475028.aspx?lan=21

Во категоријата U10 екипи пријавија ШК Алкалоид Скопје, ШК Гамбит Асеко СЕЕ Скопје, ГШК Куманово 1 Куманово и МСК Центар Скопје

https://chess-results.com/tnr475026.aspx?lan=21

Во категоријата U12 екипи пријавија ШК Алкалоид Скопје, ШК Гамбит Асеко СЕЕ Скопје, ГШК Куманово 1 Куманово и МСК Центар Скопје

https://chess-results.com/tnr475025.aspx?lan=21

Во категоријата U14 екипи пријавија ШК Алкалоид, Скопје, ШК Гамбит Асеко СЕЕ Скопје, ГШК Куманово 1 Куманово, МСК Центар Скопје, ШК Ласкер Охрид, ШК Прилеп Прилеп и ШК Карпош Скопје.

https://chess-results.com/tnr475030.aspx?lan=21&turdet=YES

Во категоријата U16 екипи пријавија ШК Алкалоид Скопје, ШК Гамбит Асеко СЕЕ Скопје, и ГШК Куманово 1 Куманово.

https://chess-results.com/tnr475024.aspx?lan=21

Во категоријата U18 екипи пријавија ШК Алкалоид Скопје, ШК Прилеп Прилеп, и ГШК Куманово 1 Куманово.

https://chess-results.com/tnr475022.aspx?lan=21