12/11/2024
Охрид

Охрид во новогодишно руво

Најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид е украсен и подготвен за дочек на Новата 2018 година. Градот блеска во новогодишен сјај. И годинава, бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. На Градскиот плоштад блеска и новогодишната елка која годинава е во различни бои.

Новата Локална самоуправа на гостите оваа година им нуди нов концепт за прославување на празниците и можност да го поминат најатрактивниот период во годината во прекрасниот Охрид со посебна програма која започна на 20ти декември, а ќе трае до 20-ти јануари. Идејата е  да се изгради манифестација која ќе носи еден сопствен печат, кој традиционално ќе се одржува во наредните години, ќе се надоградува секоја година, а ќе трае цел месец.

Инаку, најголема заинтересираност постои од соседните земји, пред се Србија, Бугарија, Црна Гора и Албанија кои традиционално го избираат охридското крајбрежје за новогодишните празници.

WebOhrid