16/04/2024
Охрид

Охридските бродари достоинствено се простија од градоначалникот Стојаноски

Со петминутно вклучување на бродските сирени и спуштени знамиња,б родската Флотата на Охридското Езеро му оддаде последна почит на прерано починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.

Од езерската шир бродарите облечени во поморска облека по наредба на капетанот на Езерската Капетанија, Горан Устијановски со салутирање и вклучување на сирените се збогуваа со градоначалникот Стојаноски.