Охриѓанец агресивно се однесувал кон полициски службеник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.И.(45) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „оштетување на туѓи предмети“.

Пријавениот, во повеќе наврати во изминатиот период се однесувал агресивно кон полициски службеник, а на 09.08.2020, под дејство на алкохол, на паркинг пред зграда каде живее оштетената, со остар предмет го оштетил нејзиното патничко возило „мерцедес“.