19/04/2024
Струга

Охриѓанец повредил велосипедист во Струга

На 11.05.2020 година, во 18:40 часот на улица „Партизанска“ во Струга патнички автомобил „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управуван од К.А.(28) од Охрид удрил во велосипед управуван од Д.И.(40) од Струга.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на лекување во Општата болница во Струга. Возачот на автомобилот се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

Увид е извршен од полициски екипи.