25/04/2024
Охрид

Опозицијата ја напушти и 5тата седница

Опозицијата предводена од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти и денешната 5-та седница на Советот на Општина Охрид.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ продолжува остро да протестира затоа што се продолжи притворот за уставобранителите од 27 април, типичен пример за изживување врз патриотите од страна на власта која не прави ништо друго освен што затвара политички неистомисленици. Бараме итно пуштање на сите патриоти кои се притворени и продолжуваме да не учествуваме во работата на седницата на Советот на општина Охрид се додека овие граѓани се во притвор и во прогон од сегашната власт. Поради наведеното ја напуштивме денешната 5та седница на Советот на општина Охрид.“ – изјави советничката Лидија Петкоска.

Како што рече Петкоска, опозицијата ќе продолжи да ги бојкотира седниците се додека не бидат ослободени притворените за настаните од 27 април. 

WebOhrid