Остануваат уште два дена за пријавување на конкурсот за обука на негувател/ка на стари лица и лица со попречености

Остануваат уште два дена за пријавување на конкурсот на Црвен крст Охрид за обука на негувател/ка за помош на стари лица и лица со попреченост според верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Обуката за негувател/ка на стари лица и лица со попречености содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Заинтересираните полнолетни кандидати ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката со јавување на еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид.

Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост ќе биде отворен до 05.05.2023 г.

Ги очекуваме сите оние кои имаат желба и потреба да стекнат вештини и знаења за помош и нега на стари лица и лица со попреченост и се стекнат со високообразовен сертификат за негувател/ка. Со тоа стануваат дел и од тимот на негуватели во Центарот за нега при Црвен крст Охрид и добиваат можност за вработување.


WebOhrid / 04.05.2023 / Црвен крст Охрид