19/04/2024
Охрид

Отежнато движење на сообраќајот на неколку улици во Охрид

Општина Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид и сите возачи на мотрни возила дека на дел од атмосферската канализациoна мрежа на крстосницата помеѓу улиците “7-ми Ноември“ и “Егејска“ во Охрид, настанат е дефект. Од тие причини ЈП “Нискоградба“ од Охрид согласно изготвениот план за работа во период од 22.02.2019 година до 24.02.2019 ќе врши санација на истата. Во тој период сообраќајот на тој дел од крстосницата и на двете улици кои ја формираат истата ќе се одвива во отежнати услови.

Поради отежнатите околности за работа на ден 24.02.2019 година ќе се врши прекоп на улицата “7-ми Ноември“ од крајниот десен раб на коловозот гледано према Старата бензинска пумпа па се до крстосницата на делот каде улицата “Егејска“ се вклучува на улица “7-ми Ноември“, па поради тоа целосно ќе е запрен сообраќајот на дел од “7-ми Ноември“ од пресекот со улица “Васил Главинов“ до пресекот со улица “Марко Нестороски“ (крст џамија), како и по цела должина на улица “Егејска“.

Од страна на ЈП “Нискоградба“ Охрид на крстосницата помеѓу улиците “Егејска“ и “Железничка“ ке се постави сообраќајна сигнализација за забрана за сообраќај , а исто таква сигнализација ќе се постави и на улица“7-ми Ноември“ на пресекот со улица “Васил Главинов“ и на пресекот на оваа улица со улица “Марко Нестороски“ (крст џамија).

Се молат граѓаните на Општина Охрид и возачите на моторни возила, во горе наведениот период да не сообраќајот по наведените улици и на наведената крстосница , да се движат по алтернативна улична мрежа, заради навремено извршување на работите.