01/09/2024
Охрид

„Отворен ден во твојата Општина“ – охриѓани може да даваат свои предлози за наредниот буџет

Градоначалникот Кирил Пецаков најавува дека во сабота и недела (10 и 11 декември) се продолжува со отворените денови во Општина Охрид, каде сите заинтересирани охриѓани може да ги презентираат своите идеи и предлози за наредниот буџет.

Средбите ќе се одвиваат од 11:00 до 14:00 часот во просториите на Општина Охрид.

Исто така, предлозите за наредниот буџет може да се даваат и преку интернет, на веб-страната budzet.mk