28/04/2024
Охрид

Партерно уредување и нова канализација на неколку локации

Екипите на ЈП „Нискоградба“ реализираа градежни активности за партерно уредување на крак од улицата „Корабица“ во село Лескоец со површина од 270 метри квадратни.

Извршен е ископ и тампонирање на целиот потег, по што се поставени нови бехатон плочки.

Деновиве екипите на ова јавно претпријатие работеа на изведба на новата канализациона мрежа на крак од улиците „Будва“ и „Винковачка“ и на крак од улицата „Петрино“. Исто така беа спроведени и теренски зафати за санација на бехатонската подлога на дел од „Кеј Македонија“.

Активностите се спроведени по налог на Општина Охрид и се финансирани од општинскиот буџет.

Niskogradba_aktivnosti_30032022001Niskogradba_aktivnosti_30032022002Niskogradba_aktivnosti_30032022003

 

 

 

 

 


WebOhrid / 30.03.2022 / Општина Охрид