26/04/2024
Охрид

Пецаков: Охрид е против власта и вели доста е, сум бил и останувам човек кој ги брани вашите интереси

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кандидатот за градоначалник д-р Кирил Пецаков од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, вечерва на Долни Сарај им се обрати на охриѓани.

„Добровечер Охрид,

Добровечер Македонијо,

Добровечер ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“.

Почитуван,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски,

Почитувани присутни,

драги браќа и сестри,

Охрид докажа дека е лулка на ВМРО и стожерот на Македонија.

Токму од овде, од Долни Сарај пред неколку месеци ви порачав дека не смееме да се откажеме и не смееме да ја загубиме вербата во себе си, човекољубието и човечноста.

И еве повторно стојам пред вас со гордо исправена глава, искрено и чесно затоа што тоа го докажавме на дело.

Охрид и охриѓани се одлучни за промени и напредок, за нов развој.

Ви благодарам за големата поддршка.

Сум бил и останувам човек кој ги брани вашите интереси.

Како народ, но и како партија секогаш сме имале тешки искушенија, но крајната цел била и останала секогаш – Македонија.

Денес кога го чествуваме 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба годините течат, а идејата се шири.

Идеалите на првите македонски визионери кои го водеа факелот на револуционерното дело останаа да бидат водилка и вечен мотив за македонскиот народ во сите понатамошни борби.

Многу страници од тогаш до денес се испишаа, но уште многу страници остануваат неиспишани зошто таа борба видоизменета трае.

Наша обврска е таа видоизменета борба која сè уште трае да продолжи со промените за нашиот Охрид и нашата татковина, Република Македонија.

Ова е наша заедничка борба. Ова е борба на народот против оваа корумпирана, арогантна и неспособна власт.

Ние сме сегашните вистински херои на оваа земја.

Херои се луѓето од нашето секојдневие кои ги живеат храбро препреките и ги надминуваат храбро предизвиците на животот, на нашето време. Тоа се нашите соседи, пријатели, како и луѓето кои не ги познаваме, а се околу нас, и имаат срце за оваа земја и надежта во нив е таа која има да победи.

Охриѓани заслужуваат среќа, а надежта покажана во првиот круг е токму патот кон таа среќа.

Докажавме дека постои надеж и пркос, да се создава и дека не се плашиме да веруваме во себе и во иднината на нашите деца.

Таа иднина зависи од нас и од промените кои неизбежно доаѓаат.

Промени за поддршка на позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа.

Имаме план, гарантраме контреттни проекти за Охрид и силна волја и верба тоа да го направиме.

Проекти за подобро живеење на сите, борба за секое ново работно место, мобилност и инфраструктура, модерно и современо образование, заштита од климатски промени и животна средина, правилен урбанизам, модерен и атрактивен локален туризам, поддршка за спортот и културата и одлични идеи од граѓаните, за Охрид каков што заслужува да биде во сите сфери на општественото живеење.

По остварениот одличен резултат во првиот круг, па сè досега на сите средби и со сите луѓе со кои сум се сретнал и разговарал, гледам во нивните очи искра огромна надеж, надеж која е гласен крик за стопирање на сите поделби, тешки времиња, арогантни политичари.

Охрид е против власта и вели доста е.

Доста е со уцените, заканите, со злоупотребите на полицијата во изборите, со купување гласови, со потценување на народот.

На охриѓани им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања.

Наместо криминал, корупција и апатија потребни се промени и нова светла иднина.

Да ги вратиме насмевките и сјајот на Охрид.

Заедно со народот сме одлучни за промени.

Излезноста е клучот. Одговорот мора да е масовна излезност бидејќи сме само на чекор до целта. На само еден чекор сме до победата.

Тивкото мнозинство повторно има да одбере и неговиот избор громогласно има да одекне.

Затоа се обраќам до сите, Ве повикуваме сите, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Египќани, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати заедно да се избориме со предизвиците.

Во сите вас е силата. Потребни сме заедно да се бориме рамо до рамо и само така успехот е загарантиран.

Ни останува уште малку време.

Ајде лавовски да се избориме за да имаме промени и напредок!

На 31 октомври обединети и со здружени сили да избереме нова подобра иднина за најубавиот Охрид.

Ајде сите заедно да направиме големи чекори напред!

Заеднички да стигнеме до целта.

Ајде сите заедно да направиме големи работи!

Да ја создадеме иднината сега!

31 октомври е референдумска и историска трка Охрид и Македонија да се спасат од најголемото зло кое надвиснало над нив.

На 31 октомври сите заедно да одбереме промени проекти и победи.

Израснав со охриѓани, живеам со охриѓани и има да работам за охриѓани!

Јас и не знам поинаку!

На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!

Доаѓаат Промени! Гарантираме Проекти! Победи за нова и светла иднина!

Да живее победнички Охрид!

Да живее ВМРО-ДМНЕ! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!“ – истакна Пецаков.