Пет нови фудбалери повикани во А репрезентацијата за мечот против Грузија

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски за дуелот со Грузија в среда на Националната арена од Лига на нации, дополнително ги повика Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар, како и дефанзивецот на Македонија Ѓ.П., Томе Китановски. Повик доби и Агрон Руфати од младата репрезентација до 21 година. Руфати нема право на настап против Израел за Македонија до 21 година поради жолти картони.

Поради повреда од комбинација за настап во А репрезентацијата отпаднаа Бејтулаи, Адеми, Тошевски, а поради жолти картони ќе го немаме во составот и Енис Барди. Ферхан Хасани, исто така, нема да настапи против Грузија.