Петкоска: Од срце Ви благодарам за поддршката која ни ја пруживте во изминатиов период

„Почитувани мои охриѓани,
Од срце Ви благодарам за поддршката која ни ја пруживте во изминатиов период.
Огромно благодарам за секој добронамерен совет, за секоја искрена критика, за секоја поддршка и цврсто подадена рака.
Водевме позитивна кампања, дадовме и повеќе од себе, се вклучивме со срце и душа во патот наречен предизборна кампања на кој ја промовирвме програмата за Обнова на Македонија и истата беше прифатена и поддржана од најголем број охриѓани, на кои сме им бескрајно благодарни.
Сплотеноста, чесната и искрена работа на секој од нас, како и посветеноста на Општинскиот комитет, месните комитети, Унијата на ветерани, Унијата на жени и Унијата на млади сили резултираше со победа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Таа победа нè обврзува да бидеме уште повредни, подостоинствени и уште поодговорни!
Борбата за подобра иднина на Охрид и Македонија трае…
Бидете ми живи и здрави!“– напиша на својот ФБ профил, Лидија Петкоска.