28/04/2024
Охрид

Петто издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“

По петти пат, утревечер ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“ организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“.

И овој пат преку изборот на композиции ќе ја приомовираат домашната и светската хорска традиција.

Ќе настапат со четири композиции: Ubi caritas – Maurice Duruflé, Море сокол пие со солистите Драга Ставреска, Јасна Чепуњоска, Мирјана Мартиноска и Виолета Цветковска , традиционалната кeниска песна Wana Baraka – арр. Shawn Kirchner и Kiss from a Rose – арр. Stefan Wyatt со пијано придружба на Гоце Гавриловски.

Покрај домаќините, ќе настапат хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда и женскиот, мешаниот хор и детската вокална група „Бачки певачи“ од Врбас, Србија, мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола и женскиот хорски ансамбл од Феризај, Косово.

Фестивалот ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија“, почетокот е во 20:00 часот, влезот ќе биде слободен, a 2S Студио ќе го пренесува преку live stream

Охридскиот градски хор зад себе има традиција од полни 58 години, од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ и е успешно предводен од диригентот Бурим Хидри. Настапите на Вокс Лихнидос во Охрид, низ Македонија, но и надвор се поздравени со аплаузи и овации, но и позитивни критики од познавачите на хорското пеење.

За следната хорска сезона планирано е учество на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови и на фестивал во Темишвар.


WebOhrid / 26.06.2023 / Вокс Лихнидос