09/11/2024
Македонија

Поддршка од Романија за интеграција на Македонија во НАТО

По повод повторно отворање на Канцеларијата на Одбранбеното аташе на Романија во Република Македонија, во Министерството за одбрана заменик министерот за одбрана, Беким Максути оствари средба со одбранбеното аташе на Романија во Република Македонија, командир Валентин Стримбешчи.

Максути во оваа прилика изрази задоволство од повторното отворање на Канцеларијата на одбранбеното аташе и благодарност за досегашната поддршка од страна на Романија. Тој додаде дека Македонија високо ја вреднува поддршката за членство во НАТО од земјите членки и партнери на Алијансата и истовремено кажа дека поддршката од партнерите ќе биде многу значајна за Македонија во претстојниот исклучително важен период.

Одбранбеното аташе Стримбешчи на денешната средба ја потврди силната романска поддршка за евро–атлантските аспирации на Република Македонија и даде уверување дека истата ќе продолжи со ист интензитет и во иднина.

На средбата беше дискутирано за интензивирање и продлабочување на билатералната одбранбена соработка преку поголем број активности наведени во Планот за соработка за 2018 година.