09/11/2024
Регион/Свет

Појавувањето на знакот на Крстот во 1925 година над планината Иметус близу Атина

Во раните 1900 год., и особено во 1920 год., во Грција и во Вселенската Патријаршија имаше на власт многу силни анти-Црковни и секуларни сили. Помеѓу активностите на овие сили, насила беше воведен Григоријанскиот календар. Григоријанскиот календар е адекватен за функционирање на бизнисот, стоковна размена, и други световни, секуларни антивности. Меѓутоа литургиски, скоро е неупотреблив, дури и штетен. Невозможно е да се усогласат Григоријанскиот календар со нашиот канонски, Православен Христијански Пасхалион. Освен тоа, воведувањето на промените во календарот на Црквата од страна на помесната црква направи едно неприфатливо литургиско разединување внатре во самата Црква.

Огромен број на луѓе од Грција одбија да ги прифатат овие антиканонски, антицрковни промени насилно наметнати врз нив од страна на држаната полициска сила. Овие луѓе страдаа и продолжија да поднесуваат прогони, затварања, и лишувања од рацете на секуларните полициски сили. Но духовните очи на вистинските Православни Христијани можеа јасно да видат иако, во тоа време, не можеа потполно да го сфатат злото на новиот календар. Тој беше претеча и знак на најголемата ерес во историјата на светот – Екуменизмот. Меѓутоа многу луѓе станаа збунети. Некои почнаа да се колебаат. Исто како што Аријаните ја имаа контролата над световната власт во 351 год. и беа способни да ја наметнат нивната ерес над империјата, па така и во ова време, календарските иноватори ја контролираа световната власт во Грција. Во такво бурно и опасно време, Семилостивиот Бог погледна на потребите на Неговиот народ. Повторно, како во 351 год., Бог испрати чудесна појава на знакот на Пречесниот Крст да ја запечати вистината и да ги посрамоти лажните учители.

Појавувањето на знакот на Крстот се случи на следниов начин:

Во 1925 год., во навечерието на Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст на Нашиот Спасител, 14 спетември според Православниот црковен календар, сеноќното бдение се служеше во црквата на Свети Јован Богослов во предградието на Атина. Во девет часот таа вечер, повеќе од две илјади вистински Православни верници се собраа околу црквата на служба, зашто само неколку вистински православни цркви беа случајно оставени отворени од световните авторитети. Меѓутоа, толку голем собир на луѓе не можеше да остане незабележан од авторитетите. Околу единаесет часот вечерта, авторитетите испратија полициски баталјон во црквата „за да спречат било какви нереди кои може да настанат од таков голем собир“. Толпата беше толку голема за да може полицијата да превземе некаква директна акција или да го уапси свештеникот во тој момент и така тие ñ се придружија на масата од верници во речиси преполното двориште на црквата.

Тогаш, без обзир на вистинските мотиви за нивното присуство, против нивната воља, но според Вољата која ги надминува сите човечки сили, тие станаа учесници во чудесното искуство на масата верници.

Во 23:30 часот, на небото над црквата почна да се појавува, во правец северо-исток, светол, слаен Крст од светлина. Светлината не само што ги осветлуваше црквата и верните, туку, во нејзините зраци, ѕвездите од чистото, безоблачно небо станаа темни и црковниот двор беше полн со речиси опиплива светлина. Формата на самиот крст беше една посебна густа светлина и можеше јасно да се види како Византиски крст со попречна линија кон долната страна. Ова небесно чудо траеше околу половина час, до полноќ, и тогаш Крстот почна полека да се крева вертикално, како крстот во рацете на свештеникот во службата на Воздвижение на Крстот во црква. Кога се исправи, Крстот почна постепено да исчезнува.

Човечкиот јазик не е соодветен да каже што се случи во текот на видението. Сета маса падна ничкум на земјата со солзи и почна да пее молитви, фалејќи Го Господа со едно срце и една уста. Полицајците беа меѓу оние кои плачеа, одеднаш откривајќи, во длабочините на нивните срца, детска вера. Масата од верници и полицискиот баталјон се преобразија во едно, обединето стадо од верници. Сите беа опфатени од света екстаза.

Бдението продолжи до 4:00 часот, кога сиот овој човечки порој потече назад во градот, носејќи ги вестите за чудото, поради коешто, тие сè уште трепереа и плачеа.

Мнозина од неверниците, софистите, иноваторите, сфаќајќи го нивниот грев и вина, но без желба да се покајат, се обидоа по секоја цена научно да го објаснат или да го негираат ова чудо. Фактот што формата на крстот беше толку прецизно и јасно на Византиски Крст, со подножна препрека во долниот дел, потполно ги негира сите аргументи на случаен психички феномен.

Фактот дека такво видение на Крстот исто така се има случено за време на ширењето на првата голема ерес, мора да ги погоди Православните со посебната смисла на огромната важност на прашањето за календарот и на сè она што е поврзано со него. Ниту една разумна личност не може јасно да го разгледува овој предмет, со секуларно размислување или световни аргументи. Иноваторите, како и Аријаните во 351 год., си остануваат без олеснителни околности или ублажување.

* * *

„И јас бев таму“

Раскажувања на очевидци за Појавувањето на Крстот

Над Црквата на Свети Јован Богослов

Кај Планината Иметус, 14 септември, 1925 година

Јас бев еден од луѓето на Полицијата кои беа испратени да го прекинат бдението таа ноќ, пред околу педесет години, во црквата на Св. Јован Богослов.

Таму Старокалендарците одржуваа бдение, зашто тогаш беше навечерието на празникот Воздвижение на Чесниот Крст.

Бидејќи беа собрани многу луѓе – повеќе од две илјади души – ние не се обидувавме да го фатиме свештеникот како што ни беше наредено, туку седнавме тивко во соседниот двор и ги чекавме да завршат.

Околу 23:30 часот ноќта, ние слушнавме гласна и чудна бучава која доаѓаше од викањето на толпата. Без одлагање, истрчавме да видиме што се случува – и видовме. Сите насобрани верници беа во состојба на возбуда. Некои плачеа а други, извикуваа „Господи помилуј“, клечејќи и со очите насочени кон небото, некои се онесвестуваа, поразени од големи емоции. Тогаш и ние погледнавме и видовме чудо: еден огромен сјаен Крст, многу високо над Црквата, го осветлуваше сиот предел. На почетокот, нè обзеде страв, но веднаш си дојдовме на себеси, и заборавајќи ја целта поради која бевме испратени, клекнавме на колена и плачевме како мали деца.

Се разбира, излишно е да ви кажувам дека, исполнети со емоции, го следевме остатокот на бдението до крај – но не повеќе како гонители, туку како верни Христијани. Утрото, кога се вративме во Институцијата, на сите им раскажавме за големото чудо што се удостоивме да го видиме. Потоа имаше истрага и сите ние се заколнавме под клетва дека го видовме Чесниот Крст јасно, високо на небото.

Јован Д. Глимис

Пензиониран полицаец, на возраст од 78 години

Улица Аристотелова 73

Перистери (предградие на Атина)

* * *

Во таа ноќ во 1925 год., кога се појави Чесниот Крст, јас го правев последниот круг со трамвајот што го возев. Стигнав до Омонија и требаше да одам околу плоштадот кога ги видов сите како гледаат кон небото и викаат, „Види! – Крстот! – Крстот!“ Веднаш закочив и го сопрев возилото. Ја спровнав главата низ вратата на трамвајот и јас, недостојниот, исто така го видов Чесниот Крст на Нашиот Господ – да се слави Неговото Име; светеше над планината Иметус. Не се сеќавам колку долго траеше. Знам само една рaбота – Чесниот Крст што го видов таа ноќ ме направи друг човек. Зашто оттогаш, сите од моето семејство станаа верни чеда на Црквата на Вистинските Православни Христијани“.

Атанасиос Прималис

Пензиониран Трамвајски кондуктер,

на возраст од 80 години

Улица Кавалис 17

Никеа (предградие на Атина)

Овие два извештаи се од Τα πατρια (Јули, август, септември, 1967): 82-84. (на грчки јазик).