29/04/2024
Охрид

Положено цвеќе пред бистата на Прличев во дворот на ОУ „Григор Прличев“

Основното училиште „Григор Прличев“ Охрид денес го одбележува својот патронен празник.

Активностите започнаа во училишниот двор, со ставање ловоров венец и положување свежо цвеќе на бистата на Григор Прличев. Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски, делегација на ОО СДСМ Охрид, и правнуката на Григор Прличев, Олга Прличева оддадоа почит на ловороносецот Прличев.

Потоа се одржа Прличевата визита во новата зграда, кабинет по ТО.

Во рамките на програмата за одбележување на патронатот, вечерва во 18:30 часот во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена ликовна изложба, на која ќе бидат доделени награди на учениците.

Активностите ќе се заокружат во 19:00 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“, каде ќе се одржи свечената приредба, подготвена од страна на учениците и наставниците.

WebOhrid