20/04/2024
Охрид

Поради дефекти, денес прекини во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата „Дејан Војвода“ денес до 14:00 ќе има прекин во водоснабдување на улиците „Дејан Војвода“, „Стив Наумов“ и дел од улицата „Абас Емин“.

Исто така поради дефект на улицата „Железничка“ , прекин во водоснабдување до 17:00 часот ќе има на улиците : „Железничка“, „Прилепска“, „Будва“ и „Винковачка“.

Екипите на МЈП Проаква се на терен и ќе работат до целосно отстранување на дефектите.