Повик за сенароден предупредувачки протест

Повик за сенароден предупредувачки протест

УТРЕ (Сабота, 27.01.2018 г.) во 11.00 часот и во Понеделник (29.01.2018 г.) во 10.00 часот Пред Собранието на РМ

ПРОТИВ АНТИУСТАВНИОТ И ДИСКРИМИНАТОРСКИ ЗАКОН ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ

ВЕ ПОВИКУВАМЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД – СУВЕРЕНОТ- ГЛАСАЧИТЕ НА РМ

Да се обратите од говорница пред Собранието на РМ, да ги изразите своите мсилења ставови, за наметнатиот антиуставен закон, со чие изгласување се уриваат темелите на државата, кој води кон нејзина дестабилизација и федерализација, ќе го разгори меѓуетничкиот антагонизам и омразите и ќе создаде уште поголеми поделби, дискриминација на народот и разнебитување на општеството. Протестот е продолжување и дел од Сенародниот протест (започнат пред 6 месеци) и НЕСОГЛАСУВАЊЕ, НЕПРИФАЌАЊЕ, ОТПОР, (БОЈКОТ), ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ кон непринципиелните АНТИМАКЕДОНСКИ ПОЛИТИКИ И ОДЛУКИ на нелегалните и нелегитимните, инсталирани за спроведување на туѓи, АНТИМАКЕДОНСКИ ИНТЕРЕСИ. И за враќање на насилно одземениот народен и државен суверенитет, за спасување на македонскиот народ и на македонската држава од разнебитување и уништување со цивилизациски геноцид.

Во кампусот на бранителите, е отворен пункт, 24 часа, деноноќно, пред Собранието на РМ, во паркот Жена борец, каде што моќе да ја потпишувате Петицијата против нелегитимните и штетни одлуки, акти, закони договори . . . (ПРОМЕНА НА  ИМЕТО, ДВОЈАЗИЧНОСТ, ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА и др.) на штета на Македонскиот народ и на Македонската држава и националните и државните интереси, со којашто НЕ ГИ ПРИЗНАВАМЕ И ГИ ПРОГЛАСУВАМЕ ЗА НЕВАЛИДНИ.  Петицијата ќе се достави до ЈО, Претседателот на РМ и до сите други инстанци, каде што ќе биде
потребно. Петицијата моќе да ја потпишувате и по електронски пат:

https://www.change.org/p/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D1%80-%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82-%D0%B8-%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D1%98%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BE%D0%B4%D0%BB%D1%83%D0%BA%D0%B8-%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5?recruiter=698681642&utm_source=share_petition&utm_medium=facebook&utm_campaign=share_petition&utm_term=share_for_starters_page&utm_content=nafta_fb_canonical_share_3%3Acontrol

Со оглед на тоа дека се работи за мирољубив граѓански цивилизиран собир и протест упатуваме апел, Македонскиот народ – Суверенот – гласачите на РМ, своето граѓанско и цивилизациско право да го изразат достоинствено, цивилизациски и секој учесник во овој мирен цивилизиран протест, кој е од негово и во негово име, да биде совесен, одговорен за себе и за другите и да го запазува и да не го нарушува јавниот ред и мир. 26.01. 2018 г. Скопје Здружение на граѓани “ПРЕРОДБА” Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ПАТ Движење за цивилизациските вредности

Организационен одбор на СЕНАРОДНИОТ ПРОТЕСТ
за враќање на насилно одземениот суверенитет
со поддршка од:
ТВРДОКОРНИ
Македонски обединети сили – МОС