26/04/2024
Охрид

Повреден охриѓанец управувајќи мотоцикл кај тунелот во Битола

На 24.07.2021 во 20.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола- Прилеп, кај тунелот во Битола, Ј.Л.(51) од Охрид, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.