26/04/2024
Македонија

Приведени две лица во беровско, вршеле нелегална сеча на дрва

Денеска (25.07.2021) во 12.00 часот на место викано „Шуманов Чукар“, атар на Берово, полициски службеници ги затекнале Д.В. и М.В. од с.Ратево, беровско, при нелегална сеча на букови стебла.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.