30/04/2024
Охрид

Повредени две лица во сообраќајна несреќа на улицата „Железничка“

На 17.12.2023 во 00:40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Д.Н.(37) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н., а В.А. (42) од Охрид, сопатник во возилото „форд“, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот С.А. бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 17.12.2023 / СВР Охрид