28/04/2024
Охрид

Повредени две лица во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Свети Наум

На 17.12.2023 во 01:00 часот, на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од селото Велгошти, охридско и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(22) од селото Долно Коњско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Ј.К.- возач на возилото „сузуки“ и сопатникот А.Ј.(28) од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“  и Општа болница – Охрид.

Увид на местото изврши екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 17.12.2023 / СВР Охрид