26/04/2024
Охрид

Повредено едно лице во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

На 29.05.2018 година околу 16:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Издеглавје, патничко моторно возило „Фиат“ со гостиварски регистерски таблици управувано од Р.А. (58) од Гостивар, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Општата болница во Охрид и истиот бил во животна опасност. На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.