20/04/2024
Охрид

Предновогодишна забава на дечињата од РК „Вардар Седмерец“ Охрид

Ракометната школа „Вардар Седмерец“ од Охрид на децата кои се членови на истоимената Школа денес им организираше предновогодишна забава во кафе барот Cuba Libre.

„На забавата присуствуваше и магионичар. Дечињата после долго време заслужија да се опуштат со предновогодишна забава. Новогодишните желби им се да станат ракометари.“- велат Катерина Стојаноска и Борис Џутески од РК „Вардар Седмерец“.

Забавата продолжува и утре во 19:00 часот во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, со меѓусебен натпревар помеѓу децата на Ракометна школа Вардар Седмерец.

РК „Вардар Седмерец“ на WebOhrid му додели благодарница, за поддршка во реализацијата на активностите и за промоција и унапредување на ракометот во Охрид.

WebOhrid