Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда
Денеска (29.09.2024), полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид.
Претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик и кривично дело „изнуда“ по член 258 од КЗ.
Се преземаат и дополнителни мерки и активности во координација со јавен обвинител, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
WebOhrid / 29.09.2024 / СВР Охрид