05/12/2024
Охрид

Претставата „Метод“ од Жорди Галсеран во четврток пред охриѓани

Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот “Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид. 

Претставата која е во режија на Ирена Стеријовска, ќе се одржи во четврток (13ти јуни), во Центарот за култура во Охрид, со почеток во 20 часот.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Јаков Спасов.

Претставата зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса – Ирена Стеријовска.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.