Приведени две лица од струшко, затекнати при незаконит лов

На 18.01.2023 година во струшкото село Велешта лишени од слобода се А.М.(32) и Д.Р.(21), двајцата од струшкото село Долна Белица.

Тие биле затекнати во незаконит лов, кај месноста „Бегова шума“, атар на селото Делогожда, а при преглед во патничкото возило „голф“, со кое се превезувале, полициските службеници пронашле и одзеле пушка за која немале соодветни документи и уловен дивеч.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.