26/04/2024
Охрид

Приведено одговорно лице во угостителски објект во Охрид

На 16.07.2022 година, во СВР Охрид лишен од слобода е Б.А.(25) од Кичево, одговорно лице во угостителски објект во Охрид.

Тој, претходно им се спротивставил на полициските службеници кои, со фонометар извршиле мерење на бучавост од гласна музика во објектот и констатирале бучавост од 79 децибели односно зголемување од максимално дозволената од 55 децибели.

По целосно документирање на настанот, против одговорното и против правното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави.


WebOhrid / 16.07.2022 / СВР Охрид