28/03/2024
Охрид

Професори од неколку европски земји во посета на Општина Охрид

Основното училиште „Ванчо Николески“ од с. Лескоец  деновиве е домаќин на наставници и професори од Турција, Словенија, Италија и Србија кои се дел од ЕРАЗМУС ПЛУС проектот  „Стратегии и присуство во училиште и бегање од часови“.

Целта на настанот е разменување идеи, мислења, ставови и стратегии за работата во училиште.

Професорите од  повеќето Европски  држави вчера беа во посета на Општина Охрид  каде ги прими раководното лице на Секторот за образование пред кого го образложуваа образовниот систем и начинот на функционирање на училиштата од матичната земја.


WebOhrid / 20.09.2022 / Општина Охрид