27/07/2024
Охрид

Промоција на книгата “Небо во пламен“ од Д.А. Лори

Сабота, 30ти ноември со почеток од 18:30 часот во кафѐ и бар “Шила“ ќе се оддржи промоција на книгата „Небо во кафез“ од Долорес Атанасова-Лори.

Промотор на книгата ќе биде Наташа Сарџоска, а избор од песни од новата книга ќе читаат Пере Ристески, Д.А.Лори и Наташа Сарџоска.

Д.А. Лори е родена во Германија во 1974, растена во Охрид, а живее во Скопје. Таа е овогодишен добитник на наградата „Тодор Чаловски“ за 2019-2020 година во областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми. Добитник е и на интернационалната награда на „Антево Слово”, која за првпат беше доделена во 2017 во склоп на италијанската поетска манифестација Ангело ла Векија.

Автор е на книгите Будењето во трето лице еднина“ (Блесок, 2014). „Со ветрот под рака“ (Антолог, 2016) и самоизданието „Небо во кафез“ оваа 2019 година.

Нејзините песни се објавувани во поетската збирка „100.000 поети за промена“, е-книгата „Поетискон”, како и на страната на Словокулт, онлајн магазин за уметност и литература, Fixpoetry, германска платформа за литература на интернет, во монографијата на Астални проекции, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност, „Современост“.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафѐ кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да нѐ контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим.