28/04/2024
Македонија

Промовирани поштенски марки – Четири години Северна Македонија во НАТО и 75 години НАТО

По повод четири години од членството во НАТО, денес во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата беше промовирана поштенската марка Четири години Северна Македонија во НАТО, издадена во тираж од 6000 примероци и со номинална вредност од 36 денари. На марката е претставено знамето на Републиката и знамето на НАТО, а дизајнот е на Александар Атанасов.

Во оваа прилика генералниот директор Идри Истрефи рече дека: „поштенските марки по карактерот и начинот на кој се изработуваат ги имаат сите одлики на уметнички дела. Искрено се надевам дека, марката која ја промовирам денас Четири години Северна Македонија во НАТО ќе го најде својот пат до сите граѓани на Македонија, но и до сите колекционери, насекаде низ светот“.

Во изминатиот период Пошта издаде и други поштенски марки посветени на НАТО: 2007 – Евроатлански форум за безбедност; 2019 – 70 години од основањето на НАТО и во 2020 – Северна Македонија во НАТО.

Денес, исто така ќе биде промовирана и поштенската марка 75 години НАТО, во тираж од 6000 примероци, со номинална вредност од 100 ден. Автор на поштенската марка е Александар Атанасов. На марката е аплицирано знамето (логото) на НАТО и знамињата на земјите членки на Алијансата редоследно.


WebOhrid /  28.03.2024 / А.Д. Пошта