26/04/2024
Охрид

Пронајдена и одземена дрога во дом на охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(43) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 01.02.2019 на ул.,,Крали Марко“ во Охрид, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.