27/04/2024
Струга

Пронајдена кумулативна мина за ракетен фрлач кај Калишта

На 01.07.2018година во 14:15 часот во нива, поточно во каналот за наводнување во атар на с.Калишта, струшко, на место викано „Фазлица“, била пронајдена кумулативна мина за ракетен фрлач.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струга. Од страна на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување мината била безбедно подигната.