26/04/2024
Охрид

Прослава со Јордан Митев за празникот Илинден во село Косел

По повод големиот православен христијански и македонски национален празник Илинден, во вторник ( 02.08.2022г.) во црквата Св.Илија – Косел (Охрид) се организира прослава со познатиот фолк пејач Јордан Митев.
Почетокот на забавата е во  20:30 часот.
Повеќе за црквата

Свети Илија — главна манастирска црква во охридското село Косел. Црквата се наоѓа на рид над селото. Постои верување дека црквата била подигната од страна на некоја жена Илинка, односно ја дала земјата околу црквата.

Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 14 мај 1989 година, а целосно била завршена во 2000 година. Осветувањето на црквата било направено на 1 август 2000 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.

Во црквата постои фрескоживопис, кој бил насликан од уметникот Тони Милцов од Охрид.

 
WebOhrid