19/04/2024
Охрид

Прва трка на Дедо мразовци во Охрид

Прва трка на Дедо мразовци во Охрид, вредни награди за најмладите – пријавете се.

Помлади и постари, големи и мали, оние кои имаат желба за забава, вистинско празнично расположение и одело од Дедо мраз.

Сите кои се пронаоѓаат во овој опис веднаш да се пријават на првата трка на Дедо мразовци која ќе се одржи во Охрид во петок, 29-ти декември во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

На патеката од пред хотелот „City Palace“ до плоштадот ќе се трча од 18:00 часот, а предвидена е и посебна забавна и музичка програма. За најдобрите имаме вредни награди – таблети, мобилни телефони, вечера за двајца и многу други…

Пријавувањето се врши на телефонот 075/45 32 94 или на маил адресата od20do20oh@gmail.com