СДСМ Охрид со честитка до припадниците на католичка вероисповед

ОО СДСМ Охрид упатува честитка до сите верници од католичка вероисповед со која им го честита празникот Рождество Христово – Божик.

„Почитувани сограѓани, припадници на католичката вероисповед,

Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија од Охрид, ви посакува со радост во срцата и спокој во душите да ја дочекате веста за Рожденството Христово. Ова се денови на неизмерна радост и денови на сплотеност. Поминете ги во спокој, добро здравје и среќа заедно со вашите семејства.

Меѓусебната почит, толеранцијата и разбирањето се вредности кон кои постојано тежнееме, и во тој дух, посакуваме уште посилно да ги развиваме овие вредности во годината што доаѓа.

Нека Ви е честито Раѓањето Христово-Божиќ.“ – стои во честитката од ОО СДСМ Охрид.