29/03/2024
Охрид

ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид со честитка за Католички Божиќ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од католичка вероисповед им го честита празникот Рождество Христово – Божиќ.

„На граѓаните кои го прославуваат големиот христијанскиот празник според Грегоријанскиот календар им посакуваме пријатни празнични мигови со своите најблиски, семејна среќа, бериќет и благосостојба.

Овој семеен празник за раѓањето Исусово кој зближува, не потсетува на традиционалните вредности на милосрдие, хуманост, разбирање и меѓусебно почитување.

Нека овој празник го осветли патот на животот и биде поттик секој од нас да верува, да работи и да ја гради подобрата иднина за себе, за своите најблиски, за своите сограѓани.“- стои во честитката.