26/04/2024
Охрид

Викенд забави во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“

Со низа активности продолжуваат активностите предвидени со проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

 Викендов имавме СУПЕР дружба со нашите најмлади пријатели на Градскиот плоштад. Слушавме одлична музика, најголемите хитови од најголемите ѕвезди на нашите детски фестивалчиња, битбокс, забава со Дедо Мраз, нашиот Дџ Ангело и Александра Алексијевска од Супер радио.

 Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа Културно забавната манифестација „Зимска бајка 2017“, а вчера Дедо Мраз пристигна во Охрид со авион. Општина Охрид во соработка со ТАВ Македонија, за децата од предшколска возраст од детската градинка „Јасна Ристеска“, организираше групен пречек на Дедо мраз на охридскиот аеродром. По неговото пристигнување, на децата им беа поделени новогодишни пакетчиња.

Денес веќе треба да започнат со подготвителни активности за почеток со работа на „Чоколадниот новогодишен свет“, а на Градскиот плоштад во специјално подготвената куќичка има програма во живо до 13:00 часот.