21/05/2024
Охрид

Размена на книги во НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид со Универзитет ФОН Струга

Негувањето на читачката култура како централно прашање ги обедини заложбите на институциите НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид и Факултетот за странски јазици при Универзитетот ФОН.

За 16.04.2018 (понеделник) со почеток во 12:00 часот е закажан настан Размена на книги. Секој посетител носи со себе една или повеќе книги кои би сакал да ги подари, а во замена од сите останати донесени книги може да направи сопствен избор на ист број книги. Идејата на овај настан е овозможување размена на идеи, препораки за нови наслови, стекнување со нова книга. Вистински празник за љубопитни книгољупци.