26/04/2024
Охрид

Сашо Донев избран за претседател на Советот на општина Охрид

Денес на конститутивната седница на Советот на општина Охрид, за претседател на општинскиот совет беше избран Сашо Донев.

„Денеска од страна на советниците на општина Охрид бев избран за претседател на Советот од страна на советници и од позицијата и од опозицијата за што им сум благодарен. Прво сакам да им се заблагодарам на граѓаните што ни дадоа шанса да ги претставуваме во Советот на општина Охрид и да се бориме за нивните интереси. Ветувам дека во идниот период ќе има многу седници, ќе има многу работа, и сите оние работи кои што ги ветувавме за време на изборната кампања и пред неа сега ќе ги оствариме во дела и ќе се бориме за интересите на граѓаните на општина Охрид без оглед на која политичка партија припаѓаат.“ – истакна Донев.