09/11/2024
Македонија

Се очекува целосно повлекување на одлуката на Косово, наша цел е заштита на земјоделците

Разговорите кои Владата на Република Македонија и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод. Приштина, веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите. Утре, министерот за економија Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде ќе се бара решение и надминување на проблемот. Сите досегашни преговори, ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра – мерки. По утрешниот состанок ќе имаме и многу повеќе детали за наредните чекори. Приоритетна цел на министерството за земјоделство во моментов е утврдување на начин како да ги заштитиме земјоделците.