29/04/2024
Охрид

Се одбележуваат Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото ”ОД СРЦЕ”. Во тие рамки ќе бидат организирани следните активности:

06 мај 2023 (сабота) 09:00 ч. Општински натпревар по прва помош (Градски плоштад Охрид).

08 мај 2023 (понеделник) 10:00 ч. Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст.

08 мај 2023 (понеделник) 11:00 Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан (седиште на Црвен крст Охрид).

8-15 мај 2023 Работилници за дисеминација – ширење на знаењата за Црвениот крст со волонтерите на Црвен крст Охрид.


WebOhrid / 08.05.2023 /