30/04/2024
Спорт

1 Регионално младинско првенство во шах „Lake Queen School Cup 2023“

На 06.05.2023 во ПУ „Јахја Кемал“ Струга се одржа турнир во шах за ученици од основното образование од општините Охрид, Дебрца, Струга и Вевчани.

Настанот беше во организација на ШМШ Струга со техничка поддршка на ШК Ласкер Охрид, на учесниците им се обрати заменик градоначалникот Перчо Божиновски, како и Директорот Јусуф Сахин – ПУ „Јахја Кемал“ Струга и Сурија Таук – член на управниот одбор на Шаховската федерација на Македонија.

Учесниците беа поделени во возразни категории U08 категорија, U10 категорија, U12 категорија и U14 категорија. На турнирот вкупно беа пријавени 115 учесници.

Турнирите се играа по Швајцарски систем од 5 кола со темпо на игра 10’05” и притоа беа постигнати следните резултати:

Во U08 категорија
делба на 1 место со ист број на поени
Актан Реџеп ООУ „Братство Единство“ Охрид и
Александар Стојкоски ОУ „Јосип Броз Тито“ Струга
делба на 2 место со ист број на поени
Гогоски Олег ПУ „Јахја Кемал“ Струга
Трајче Нелкоски ПУ „Јахја Кемал“ Струга,
3 место Дамјан Чобанов ООУ „Григор Прличев“ Охрид

Во U10 категорија
1 место Мехмед Хамза ООУ „Братство Единство“ Охрид,
2 место Јована Котушеска ООУ „Григор Прличев“ Охрид,
3 место Ковачески Климент ООУ „Св.Климент Охридски“ Охрид

Во U12 категорија
1 место Јован Пуроски ООУ „Св.Климент Охридски“ Охрид,
2 место Филип Целески ООУ „Св.Климент Охридски“ Охрид,
3 место Павел Мишески ООУ „Св.Наум Охридски“ Охрид

Во U14 категорија
1 место Лука Симоноски ПУ „Јахја Кемал“ Струга,
делба на 2 место со ист број на поени,
Ивана Велкоска ООУ „Григор Прличев“ Охрид
Кузман Бабаче ООУ „Григор Прличев“ Охрид
Мартин Бирачоски ООУ „Братство Единство“ Охрид
Герасим Кумбароски ОУ „Јосип Броз Тито“ Струга

Настанот и ШК Ласкер Охрид финансиски е поддржан од Општина Охрид.


WebOhrid / 08.05.2023 / ШК Ласкер